Измена на Закон за сообраќај: Нема веќе замена на казна за негативни поени во возачките книшки

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Од денеска ќе има намалување на казните во сообраќајот, бидејќи Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци, според кој казната на физичкото лице не може да биде поголема од 250 евра, а за правните лица казната ќе зависи од тоа дали се работи за мало, средно или големо претпријатие.

Исклучок за казната на физичките лица, каде тие можат да бидат поголеми од 250 евра, би било доколку прекршокот го загрозува животот и здравјето на луѓето. Заради тоа, казните за брзо возење, алкохол и престигнување не се намалени. Новост е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на казната за негативни поени.

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ги прави Министерството за внатрешни работи и во основа значат усогласување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со Законот за прекршоци, кој веќе е донесен, а улогата и задачата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој случај е да ги информира учесниците во сообраќајот за сите новини кои што се настанати и да ги советува за нивно почитување.

ЗА СИТЕ НА ТРОТИНЕТ задолжителни флуоресцентни елеци, во спротивно КАЗНИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот