Измамник од Кочани нарачал 34 производи во име на штипјанец, ама не ги подигнал

Онлајн шопинг/ Фото: TEK IMAGE / Sciencephoto / Profimedia

37-годишен жител на Кочани со измама ги дознал личните податоци на човек од Штип, по што нарачувал производи во негово име, но не ги подигнал, информираат од полицијата.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(37) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”. Во временски период од 03.10.2022 до 21.11.2022 пријавениот, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни производи од 20 правни лица на 34 производи, кои од негова страна не се подигнати“, велат од МВР.

Покрај ова, кочанчанецот повеќепати се обидел во име на оштетениот да се регистрира на веб-страницата на телефонски оператор, каде во негово име регистрирал и четири телефонски броеви. Исто така пријавениот, отворил и профил на Фејсбук со податоците на штипјанецот, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот