Измамници склучиле договор на нотар за возило, па без да платат избегале со него

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против двајца жители на Општина Сопиште, поради сомнеж дека извршиле кражба на возило.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А. (18) и Н.А. (29), двајцата од село Патишка Река, Општина Сопиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”. На 07.09.2020, К.З. (50) од село Доброште, Тетовско, на интернет страница објавил оглас за продажба на неговото возило „Фолксваген Тигуан”, а веќе наредниот ден му се јавил М.А. и се договориле да се сретнат за да го види возилото. Истиот ден М.А. и Н.А. дошле во Тетово и се договориле за купопродажба на возилото и направиле нотарски договор. Во моментот кога Н.А. отишол во банка да ја уплати договорената сума, М.А. искористил згодна прилика и избегал со возилото, се наведува во соопштението на МВР. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот