Измамници од Британија „олесниле“ пробиштипска фирма за 425.000 евра

жена компјутер дланки тестатура
Фото: Profimedia

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) и A.A.A.(44) од Велика Британија, како и против британска фирма, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама”.

„Првопријавениот, одговорно лице во правното лице, и второпријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци. Преку електронска порака, до оштетеното правно лице од Пробиштип, испратиле лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот