Измамена 70-годишна жена: И рекле дека нејзиниот син прегазил малолетник, па и барале пари

Македонска полиција/ Фото: МИА

Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Аеродром, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на 07.08.2021 била измамена од едно лице, информираат од МВР.

Според пријавеното, лицето телефонски и кажало дека нејзиниот син прегазил малолетик, но доколку му даде одредена сума на пари тој може да помогне да не издржува затворска казна,. Како што е пријавено, тие се договориле и таа му ги дала парите, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Видео на денот