Измамен за парцела на Попова Шапка, платил 1.300 евра, не ја добил

Попова Шапка/ Фото: МИА
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Во текот на јануари 2021, Т.М. на пријавениот му дал 1.300 евра за да му обезбеди парцела на Попова Шапка.
По извесен период проверил и констатирал дека пријавениот не ја завршил работата, по што му биле вратени 610 евра, а до денот на пријавување пријавениот не му го вратил остатокот пари, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 690 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот