Измамен 72 годишен кумановец за 300 евра за набавка на дрва за огрев

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Седумдесет и две годишен кумановец, денеска пријавил во полицијата дека бил измамен од лица за сума од 300 евра, соопшти СВР Куманово.

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва на што тој се согласил и заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани.

– Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе го земе камионот, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга побарало пари во износ од 300 евра, со објаснување дека огревните дрва се сечат, соопштија од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот