Измама во Швајцарија: Лажни полицајци од жена одземале милиони франци – Слободен печат
ВестиПланета

Измама во Швајцарија: Лажни полицајци од жена одземале милиони франци

Првиот контакт бил остварен во ноември, така што една жена претставувајќи се дека е полицаец, ѝ објаснила на жртвата дека полицијата наводно води истрага за мрежа на крадци

Во Цирих, лажни полицајци успеале да измамат една жена и да и одземат 3,6 милиони франци или 3,25 милиони евра.

Лажните полицајци ја убедиле жената да им ги даде парите така што и рекле дека тие на тој начин ќе ја чуваат од крадци.  Според полицијата, крадците со месеци се подготвувале за оваа измама.

Првиот контакт бил остварен во ноември, така што една жена претставувајќи се дека е полицаец, ѝ објаснила на жртвата дека полицијата наводно води истрага за мрежа на крадци, кои во соработка со вработени во банка, одземаат пари. На жената тогаш ѝ било речено дека и нејзините пари се потенцијална цел на крадците.

Следните месеци, жената секој ден добивала телефонски повици од истите лица, кои ѝ кажувале на никој да не пренесува информации, за да не биде загрозена истрагата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close