Измама тешка 70 милиони долари: САД бара екстрадиција на 11 хакери од Ниш, заради жртва од Тексас се вмеша и ФБИ

Фото: ЕПА

Во петокот, како што кажуваат од Вишиот суд во Белград, од САД стигнала молба за екстрадиција на 11 обвинети за дигитална измама, сите со живеалиште во Ниш.

Сослушувањето веќе било закажано за понеделник, но е одложено за адвокатите на одбраната да можат да се запознаат и подготват за барањата од пристигнатото писмо, пишува порталот Јужне вести.

Долго траела дилемата дали обвинетите кои се уапсени заради сомневања дека преку измами на интернет заработиле 70 милиони долари, можат да бидат екстрадирани во САД и таму да им се суди, пишува порталот и додава дека додека случајот не добие конечен епилог, дилемата нема да биде разрешена. Меѓутоа, од Америка стигнала молба за екстрадиција со што се покажа дека тоа е можно. Таа била примена во судот во петокот на 18.09.2020 година пред крајот на работното време и во истиот ден било закажано сослушување за понеделник на 21.09.2020 година во 12 часот, велат од судот за Јужне вести.

Сепак, рочиштето, на барање на одбраната било одложено, а се додава дека на уапсените им е одреден притвор. Наредното сослушување е закажано за 30 септември во девет часот.

Меѓу уапсените има и државјани на Црна Гора, Филипини и Австрија, сите со живеалиште во Ниш. Тие биле уапсени кон крајот на јули заради кривично дело измама преку интернет, со што заработиле 70 милиони долари. Меѓу измамените има и државјанин на Тексас, па во целиот случај се вмеша и американското правосудство и ФБИ, кои асистираа во акцијата на апсење.

На уапсените сега им се заканува екстрадиција во САД, каде би се водел целиот процес, а според мислењето на адвокатите на нив во Америка би им биле загрозени човечките права и затоа барањето е да им се суди во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот