Изложеноста на загаден воздух влијае на развојот на мозокот кај новороденчињата

бебе
Фото: Pexels / Antoni Shkraba

Изложеноста на загаден воздух може да го зголеми ризикот од алергии, дебелина и дијабетес, но и да влијае на развојот на мозокот кај новороденчињата, покажува новата студија.

Истражувачите од Универзитетот Боулдер во Колорадо тврдат дека постои врска помеѓу штетните загадувачи, како што се оние предизвикани од сообраќајот, шумските пожари и индустријата, и промените во микробиолошкото здравје на доенчињата во првите шест месеци од животот.

„Нашата студија се додава на растечката литература која покажува дека изложеноста на загаден воздух, дури и на оваа возраст, може да го промени цревниот микробиом, со важни импликации за растот и развојот“, рече авторот на студијата, професорката Тања Алдерете.

Резултатите од студијата, спроведена на примероци од столица од 103 здрави, првенствено доени доенчиња, беа објавени во списанието „Гат Микробс“ (Gut Microbes) и тие наведуваат дека доенчињата се домаќини на мали резидентни бактерии при раѓање. Во текот на првите две до три години од животот, изложеноста на мајчината храна, цврстата храна, антибиотиците и другите влијанија од околината ги обликуваат микроорганизмите кои ќе се задржат.

Тие микроби и нивните нуспроизводи се создаваат кога ја разградуваат храната или хемикалиите во цревата и влијаат на низа телесни системи кои го обликуваат апетитот, чувствителноста на инсулин, имунитетот, расположението и функцијата на мозокот.

Иако многу од нив се корисни, некои состави на микробиом се поврзани со Кронова болест, астма, дијабетес тип 2 и други хронични болести.

„Генерално, видовме дека изложеноста на загадување е поврзана со воспалителниот профил на цревни микроби, што може да придонесе за низа идни негативни здравствени исходи“, заклучи Алдерете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот