Изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски ќе биде отворена во Галерија „Метаноја“

Покана за отворањето на изложбата „Сосема обично“ во галеријата „Метаноја“

Отворањето на изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски ќе се одржи на 18 јуни, во 19.30 часот, во галеријата „Метаноја“ во Скопје. Изложбата ќе биде поставена и отворена за посетители до крајот на јуни.

– Светлината е најобична природна појава. Таа е толкав дел од нашето искуство така што забораваме дека не само што можеме самата неа да ја видиме, туку и заради неа гледаме сѐ друго. Како што псалмистот вели, „Во Твојата светлина гледаме светлина“ (Псалм 36:9) Владимир Илиевски во сликата „Создавање на светлоста“ ги има вткаено своите теоретски знаења, сликарски вештини, креативност, контемплативност и интертекстуалност во совршен спој.

Сликата „Создавање на светлоста“ го сумира целиот опус од оваа збирка на дела посветени на природата. Контрастот меѓу делот на сликата во сенка и онаму каде што е облеан во светлина е класичен пример за уметничка композиција. Набљудувачот добива впечаток дека е дел од сцената, дека се наоѓа во честакот со вегетација и е „фатен“ во мигот кога ја забележува светлината која се пробива низ крошните. Тука на ова темно место и под закрилата на древните дрвја светлината се прикажува во сета своја автентичност – истакнува д-р Коста Милков во освртот кон изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски.

На отворањето на изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова.

Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2023 г. реализирал петнаесет самостојни изложби во Скопје, Битола, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Бугарија) и Нови Сад (Србија).

Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии во Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Бугарија, Србија. Добитник е на седум национални награди. Од 2012 г. член е на ДЛУМ, а од 2022 член е и на ДЛУБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот