Изложбата со наслов „19“ од Христина Зафировска е претставена во Прилеп

Изложба со наслов „19“ од академската сликарка Христина Зафировска е поставена во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Инспирацијата за делата авторката ја добила од актуелната пандемија на вирусот ковид-19.

„Преку својот циклус од 19 дела на тема-ковид, на апстрактен и сликовит начин Зафировска ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Целиот серијал од 19 епизоди, кои се тесно поврзани меѓу себе, го интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување. Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника – мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот, кои се надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината“, открива м-р Билјана Галоска во својот текст кон изложбата.

Авторката Христина Зафировска работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, мозаикот, ѕидното сликарство, инсталацијата, сценографијата, цртежот, фотографијата и видеото.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 89, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот