Плакат за изложбата „Кога ги следевме сенките“ на Наташа Неделкова

Изложбата „Кога ги следевме сенките“ на Наташа Неделкова ќе биде претставена во Францускиот институт

Во Францускиот институт во Скопје на 13 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржат видеоперформанс и изложба со наслов „Кога ги следевме сенките“ на авторката Наташа Неделкова, а куратор на истата е Мелоди Робин. Настанот ќе биде проследен со перформанс и разговор за креативниот процес.

Оваа изложба претставува уникатна можност да се видат делата на уметницата Неделкова, докторантка во Париз, која преку мултимедијална инсталација нуди критичка перспектива на односот помеѓу еколошкото загадување и медиумската заситеност.

На изложбата ќе биде претставена мултимедијална инсталација која комбинира скулптура и уметнички филм, откривајќи како овие динамики ги обликуваат современите политички наративи.

Низ фрагменти од текстови и слики, Неделкова создава критичка мисла за интеракцијата помеѓу физичкиот и медиумскиот простор. Инспирација за делото се црните планини на Велес, извајани од олово и цинк – опипливи сенки на индустријата кои се мешаат со понеопипливите сенки на медиумската илузија. Мултимедијалната инсталација ќе биде изложена еден месец во излогот на Францускиот институт.

Во рамки на својата посветеност кон локалната уметничка сцена, Францускиот институт во Скопје ќе продолжи да организира изложби и уметнички средби низ целата 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот