Изложбата „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ се отвора утре во МСУ

Изложбата „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ (Am I That Name or That Image?) вклучува дела од колекцијата на солунскиот Музеј на современа уметност – МОМус од соседна Република Грција. Ова е историски чин за двете земји и прв ваков исчекор, МОМус од Солун да изложи значајни дела од својата разнолика и богата колекција во МСУ – Скопје.

Колаборацијата меѓу двата музеи не претставува само културна размена, туку ја степенува важноста и за поширока билатерална соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција и е од огромно значење за двете земји.

Во Скопје веќе пристигнаа кураторката на изложбата Сираго Цијара, нејзините асистенти Домна Гунари и Ерини Папаконстантину. Понатаму, член и претседател на Управниот одбор на музејот, Андреас Такис и директорката на MOMus, Мариа Цацаноглу.

Прочитајте и...  Коалицијата помеѓу СДСМ и Беса ја разбранува ДУИ

На отворањето на изложбата ќе бидат присутни и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.

Во МСУ ќе бидат изложени дела од 16 автори меѓу кои: Филипо Берта, Џејмс Бридл, Фениа Котсополу, Куриаки Гони, Владан Јеремиќ и Рена Радл, Мајда Катари, Мариана Игнатики, Олег Мавромати и Борјана Роса, Вирџиниа Мастрогианаки, Елени Мајлонас, Наташа Пападопулу, Марило Понцин, Виви Тиога, Ира Валдрон, Евангелиа Басдекис, Александрос Плорамитис…

Во 21.30 часот со свој диџеј сет ќе настапи Димитрис Ангелис.

Паралелно со главната програма, во сабота на 28 септември предвидена е серија перформанси. Во 19 часот со перформансот „Во сеќавање на моите капиталистички љубовници“ ќе се претстави уметникот Томас Дијафас. Александрос Пломаритис настапува во 20.15 часот со перформансот „Сакај ме те молам“. Проектот насловен „Електронска музика и аналогни инструменти во дигитален свет“ го сочинуваат музичари и музички продуценти, кои се дел од куретната електронска и експериментална сцена во Солун. Станува збор за колективот „Ја скришив вазната“, кои настапуваат во 22 часот и Или & Тоцуко, кои ќе настапат во 23 часот. Станува збор за перформанси на анбиентален звук, импровизации и ефекти.

Прочитајте и...  Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар и на Стража

-Кураторскиот тим од Солун пристигна во Скопје. Уметничките дела од колекцијата на МОМус, веќе се аранжирани во просторот на Музејот на современата уметност и подготовките околу поставувањето на изложбата се пред крај. Тимот на МСУ е возбуден што успеа да воспостави ваква културна размена, која е од историска важност за Република Северна Македонија и Република Грција. Уметноста го има приматот да ги обединува луѓето за добра цел. Искрено се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи со ваков интензитет и во иднина, вели Мира Гаќина, директорка на МСУ, Скопје.

Прочитај повеќе

Петровиќ: Економските бенефити се само дел од придобивките кои ги носи членството во НАТО

МИА Агенција

Дачиќ: Не е исклучено коронавирусот да е дел од специјалната војна кон Кина

Слободен печат

Ким: Последиците ќе бидат сериозни доколку вирусот се прошири

Слободен печат

Ердоган тврди дека 18.000 бегалци ја минале границата кон Грција

Слободен печат

Регистрирани уште девет жртви на коронаворусот во Иран

Слободен печат

Пецас: Спречени беа над 4.000 нелегални влегувања во Грција

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ДКСК потсети на обрските за време на изборниот процес

Слободен печат

Уште една пациентка со респираторна инфекција се јавила на Инфективна, патувала во Северна Италија

Слободен печат

Иранскиот пратеникот кој беше заразен со коронавирус почина

Трамп е подготвен на разговори за контрола на вооружувањето

Слободен печат

Забрчанец: Не го чепкајте Груевски, тој е на Мицкоски!

Слободен печат

Димитров: Вие говорите на бугарски јазик, јас говорам на македонски јазик (ВИДЕО)

Слободен печат