Изложбата „Божествена симбиоза“ на Ана Липша Тофовиќ дел од Мајските оперски вечери

Оваа година дел од Мајските оперски вечери ќе биде и изложбата на фотографии на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ „Божествена симбиоза“.

Проектот се реализира на иницијатива и со финансиска поддршка од Матицата на иселениците од Загреб, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб и Заедницата на Хрвати во Република Македонија кој се однесува на афирмација на истакнатата музичка уметница Ана Липша Тофовиќ од Република Хрватска.

Проектот има за цел да ги презентира на јавноста животните стории и фрагментите од дејствувањето на Ана Липша Тофовиќ во овие простори преку изложба на нејзините предмети, фотографии, костими, плакати и се што е зачувано.

Изложбата ќе биде поставена во фоајето на Националната опера и балет од 15 – 31 мај. Отворање на изложбата 15 мај, 19.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот