Изложба „Жените и фотографијата” во Крива Паланка

Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка од денеска во следните две седмици ќе биде поставена изложбата на фотографии „Жените и фотографијата”.

Станува збор за шеста изложба што ја организира Фото клуб „Куманово” традиционално, по повод денот на жената.

– За годинашната изложба пристигнаа над седумстотини фотографии од кои како селектори одбравме сто, што беа претставени на изложбата на Денот на жената, во Куманово. Во Крива Паланка се изложени 46 фотографии од авторки исклучиво од нашата држава. Дел од фотографиите се тематски, на тема жена, додека останатите се на слободна тема, во колор и црно-бела техника. Интересно е што на конкурсот дури една третина од делата се од Кумановски авторки – изјави Владимир Јовановски од фото клуб ” Куманово”, ментор на бесплатна школа за фотографија.

Изложбата ја отсликува убавината на мигот низ објективот на македонското женско фотографско творештво.

Светската фотографска асоцијација го прогласи фото клуб „Куманово” за светски фотографски центар, со што Куманово се вбројува во осумнаесет светски градови кои го носат тој епитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот