Изложба во МКЦ: Проширено поле на графичката уметност

Групната изложба на младите графички автори Ана Трајковска, Душан Стефановски, Ивана Секулоска и Јован Јосифовски, со едноставен наслов „Изложба“, официјално ја отвори годишната програма од ликовната дејност во Младинскиот културен центар за 2021 година.

Презентираните дела отстапуваат од канонизираното класично поимање на графиката. Преку индивидуални експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз различни материјали авторите успеале да ги допрат граничните подрачја, дури и да навлезат во проширеното поле на графичката уметност.

Дело на Ана Трајковска
Дело на Душан Стефановски
Дело на Ивана Секулоска
Дело на Јован Јосифовски

Изложбата беше отворена на 14 април и ќе биде поставена до 24 април во галеријата на МКЦ.

(Текстот и фотографиите се објавени во „Културен печат“ број 77, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот