Изложба во МКЦ: „Небо“ на Јана Јакимовска

Најновиот циклус дела на ликовната уметница Јана Јакимовска содржи пејзажи, кои во класификацијата на пејзажното сликарство може да се окарактеризираат како небесни пејзажи. Нејзината изложба со наслов „Небо“ ќе биде отворена на 14 декември во галеријата на Младинскиот културен центар. На изложбата ќе бидат претставени 20 небесни пејзажи во техниката акрил на платно работени во последните три години.

Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Досега има реализирано 17 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време е активна со мурално сликарство.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 60, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот