Изложба во „Ко-Ра“: „Квалитет и квантитет“ на Зулејха Али Зубери

Изложбата на слики и графики „Квалитет и квантитет“ од Зулејха Али Зубери од 23 јули е поставена во големиот салон на галеријата „Ко-Ра“, при Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

Зулејха Али Зубери дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класа на проф. Антонио Мазневски на одделот за сликарство – конзервација и реставрација. Членка е на ДЛУМ. Учествувала во повеќе групни изложби во земјата и надвор. Добитничка е на наградата „Константин Мазев Коце“ во 2019 година на изложбата „Ликовно творештво – мал формат“ во КИЦ – Скопје.

На изложбата „Квалитет и квантитет“ меѓу другите мотиви авторката претставува вредни раце, бидејќи за да се стигне до квалитет, треба да се постигне рачна уникатност и совршенство. Спроти квалитетот се наоѓа квантитетот, кога производот веќе не е важен, туку важен е профитот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 41, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот