Изложба во КИЦ: Внатрешниот свет на скулпторот Андреј Митевски

Академскиот скулптор Андреј Митевски со самостојна изложба во КИЦ од први до 14 октомври се претставува со дваесетина дела создадени во период од шест години. Изложбата претставува своевиден омаж на неговата инспирација и трагања по форми што го прикажуваат неговиот внатрешен свет. Покрај самостојните, има учествувано на многу групни изложби и интернационални симпозиуми за скулптура.

Делата што ги создал се резултат на инспирацијата, посветеноста, но и на секогаш присутната мотивација од светот што го опкружува. Роден во Скопје во 1976 година, Митевски дипломираше на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1999 година, во класата на професорот Драган Попоски – Дада, а магистрираше на тема од областа на скулптурата во 2002 година.

Според Митевски, каменот како материјал има своја историја и своја меморија. Носи свои емоции, своја структура и како таков го заслужува неговиот респект и мотивација токму во тој материјал да се изразува, да ги преточи своите мисли и емоции во форма.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 51, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот