Изложбa во КИЦ: „Црно – шарено“ од Дарко Аницин ќе биде отворена во среда

Poster

Во ЈУ Културно-Информативен Центар (КИЦ) во Скопје, во изложбениот салон „Империјал 2“, на 27 мај (среда) ќе биде отворена изложбата на цртежи „Црно – шарено“ од ликовниот уметник Дарко Аницин. На изложбата авторот ќе се претстави со 25 цртежи, работени во акрилик на хартија, создадени последнава година. Изложбата ќе биде отворена до 10 јуни 2020 година.

Дарко Аницин (1977, Скопје) дипломирал на ФЛУ-Скопје. Создава графики, цртежи и слики од самите почетоци на своето образование до денес. Тој има современ, специфичен стил на творење, со истакнати и рафинирани визуелни поентирања, што од прва рака говори за графичарски манир на прецизност, чиста и јасна мисла и длабок квалитет на академски уметнички израз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот