Изложба со фокус кон монодрамите и дуо драмите на МНТ

Изложба со фотографии, костими и плакати со наслов „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“ е поставена во фоајето на Македонскиот народен театар. На репертоарот на МНТ низ годините, почнувајќи од 1974 година и „Дневникот на лудиот“ со Владимир Светиев сѐ до најновите „Последната лента на Крап“ на Ѓорѓи Јолевски и „Само глас“ со Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, реализирани се 20-ина монодрами и дуо драми.

Последната лента на Крап (2020)

Во фокусот на изложбата е прикажан актерот кој е сам на сцената или со уште еден актер, борбите кои ги водат сами со себе или со другиот, како и впечатокот кој го оставаат кај гледачот.

Изложбата може да ја види публиката што присуствува на тековните претстави на репертоарот на МНТ, но може да се види и онлајн, на Фејсбук и веб-страницата на театарот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 85, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18-20 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот