Изложба со дела од Вангел Наумовски ќе биде отворена во „Куќата на Робевци“ во Охрид

Плакат за изложбата во Охрид

Јубилејна изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски на 2 август (петок), во 20 часот, ќе биде отворена во „Куќата на Робевци“ во Охрид.

На изложбата ќе бидат претставени дела содржани во збирката „Вангел Наумовски“ во сопственост на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната галерија во Скопје, во соработка со вработените од НУ Завод и Музеј – Охрид, Катерина Велкоска и м-р Сашо Блажески, раководители на проектот, односно м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев, конзерватори на уметничките дела.

Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект поддржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија. Изложбата ќе може да се посети до 1 септември 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот