Изложба под отворено небо

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчеравечер ја отвори Изложбата под отворено небо, која беше поставена на отворениот јавен простор пред платото на Универзална сала.

Изложбата е во организација на Град Скопје, а во соработка и логистичка поддршка на установа Центар за современи уметности – Скопје, со целна одредница претставување на уметничките дела на поинаков начин од досега востановениот, излегување на уметноста од затворените простори (музеи и галерии) кон отворените јавни простори и културно-уметничко надградување на типично препознатливиот „урбан детаљ“.

– Градот Скопје поседува прототипи на урбан јавен простор, а еден од нив е и вечерашниов – платото пред Универзалната сала, кој ефектуира просторен пресврт, ослободен од стереотипи и клишеа, односно ја проветрува културно-уметничката сцена во градот Скопје преку проникливоста и поврзаноста на урбаната компонента и културниот идентитет – нагласи Љубица Јанчева.

Таа додаде дека уметноста не може да дејствува само од една позиција и само низ една единствена формула, потврда за ова е и изложбава под отворено небо.

– Радува фактот што Одделението за култура на Град Скопје преку ваквиот „концепт на уметноста под отворено небо“ се обиде да внесе нови амбиентални вредности и иницијативи во културниот живот во градот Скопје, создаде амбиент во кој колективното творење е за прв пат промовирано на нов поттикнувачки начин за да стане поприсутно и попознато во јавниот живот– резимираше Јанчева .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот