Изложба на модернистичкото архитектонско наследство во Македонија

Денес, 2 декември со почеток во 20:00 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се отвори архитектонската изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“.

Основна цел на проектот е препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на XX век на територијата на Република Северна Македонија.

Проектот регистрира и мапира повеќе од 500 индивидуални архитектонски реализации изградени во периодот 1945-1985 година, од кои преку 100-тина се документирани, а повеќе од 40 избрани градби се претставени во форма на тродимензионални архитектонски модели.

Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Теа Дамјановска, Михајло Стојановски и соработниците.

Изложбата е резултат на едногодишниот истражувачки проект од областа на архитектурата насловен „Атлас на македонската модерна архитектура“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата Континео 2020 го спроведе со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Изложбената поставка ќе биде отворена за јавноста до 15 декември, 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот