Изложба на илустрации во МКЦ: Најкул ликови во историјата на човештвото

Изложбата „Кулест дед пипл“ (Coolest dead people) на Кристина Карапеоска од 25 јули може да се види во галеријата на МКЦ. Авторката, која твори под псевдонимот Кик Флип, е дипломиран дизајнер и активно се занимава со илустрација веќе пет години.

Родена е во Тетово во 1991 година, дипломира во 2010 како дизајнер на Европскиот универзитет во Скопје. Се инспирира од секојдневието, музиката и филмовите. Нејзината изложба во МКЦ претставува визуализација на збир на помалку познати, но, сепак, интересни факти за неколку најкул ликови во историјата на човештвото, од Леонардо да Винчи, Никола Тесла, Фројд, па сѐ до Боб Рос.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 41, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот