Изложба на фотографии од Катја Штркова Кочовска ќе биде поставена во КИЦ во Скопје

Плакат за изложбата

Во Културно-информативен центар – Скопје, во Салон „Империјал 1“, на 9 јуни 2023, во 20.30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии од Катја Штркова Кочовска со наслов „Плажарење“.

Катја Штркова Кочовска е родена 1989 година во Скопје и веќе 10-тина години работи како графички дизајнер. Досега се има претставено со две самостојни изложби на фотографии, „Tributes“ (2012 година) и „Во текстури“ (2016 година).

„Плажарење“ е нејзина трета самостојна изложба на фотографии, со мотиви од леснотијата на секојдневието и спокојот на летните денови поминати на плажа во последниве неколку години.

– Мирот на човекот покрај вода, во природно опкружување. Слободата да се биде гол. Без оптеретување од погледите на другите. Светот е таму некаде далеку… Плажарење засекогаш! – стои во најавата на изложбата, која ќе биде поставена до 19 јуни во КИЦ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот