Јубилејното петто издание на Меѓународната изложба „Екс либрис Скопје“, којашто традиционално се одржува во галеријата на Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје, поради ковид-кризата е поставена виртуелно. На сајтот на изложбата може да се видат 137 графички минијатури од автори од целиот свет.
Оценувајќи го интересот и бројот на пристигнатите дела, организаторите на изложбата велат дека „уметноста во сите нејзини форми, одеднаш стана нужност, духовна храна, своевиден спиритус мувенс, кој во овие кризни времиња нуди извесен ескапизам и делува терапевтски. Принудени на самоизолација, луѓето се насочија кон себе, решени да го разбудат својот креативен импулс, кој чмаел закопан длабоко во нивната потсвест“.





(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 64, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 јануари 2021)