Изложба: Документарни фотоистражувања на пеливанските натпревари од Зоран Шекеров

Во студиото „Прајват принт“ (Private Print) е поставена изложбата „Folded“ на младиот фотограф Зоран Шекеров. Изложбата е отворена на 17 февруари и до 9 април 2021 година ќе може да се посети во средите и петоците во периодот од 12 до 18 часот во студиото.

Изложбата се надоврзува на истоимениот истражувачки документарен проект на Шекеров срочен во фотокнига, издание на „Прајват принт“. Зоран Шекеров (1992) работел на проектот „Folded“ околу две години. Во тоа време тој од близу фотографирал повеќе пеливански натпревари. Притоа воспоставил и блиска комуникација со неколкумина од борачите, така градејќи доверба со нив и, потоа, вградувајќи ја таа доверба директно во фотографиите. Токму тој негов сензибилитет при пристапувањето на темата со која работи го одликува и го издвојува како фотограф.

Зоран Шекеров работел на проектот „Folded“ околу две години

Неговата практика е насочена кон долгорочни документарни истражувања, коишто ја проучуваат човековата состојба во одреден социо-политички контекст, допирајќи ги и темите на идентитетот. Со фотографиите тој ги преиспитува термините како патриотизам и носталгија, имајќи ја на ум врската помеѓу живата историја и сентименталноста.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 69, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20-21 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот