18 C
Скопје

Изложба „Цртеж – Експериментален цртеж“ 2021 на ДЛУМ: Награда за делото „Композиција 12“ на Росица Лазеска

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерството за култура, на 20 април, ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во ГТЦ. Изложбата е дел од Годишната програма на ДЛУМ и има за цел да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж со експериментален пристап и решенија кои би биле предизвик за уметниците.

Класичната дисциплина – цртеж има многу можности да опстане во ова време на нови медиуми, употребувајќи мисловни концепти или, пак, излегување од медиумот на дводимензионалноста и пристапот во изработката. Интересно е што постојат повеќе разнолики приоди во интерпретацијата на идејата, на дилемата или, пак, решението како краен резултат, посочуваат од ДЛУМ.

На изложбата учествуваат 31 автор од членството на ДЛУМ: Александра Димитрова, Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангел Димовски Чауш, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Илијевска, Горан Менков, Ѓорѓе Цветковиќ, Давор Кешќец, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Зубери Али, Илина Арсова, Кирил Гегоски, Лидија Вујисиќ, Лидија Цаковиќ Мојсовска, Љупчо Бојаров, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Наташа Станковска Зафировска, Пандора Апостолоска Саздовска, Росица Лазеска, Сашо Саздовски, Силвана Атанасовска, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски и Тања Таневска.

На изложбата беше доделена наградата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на Росица Лазеска за делото со наслов „Композиција 12“. Изложбата ќе може да се посети до 30 април во работно време на галеријата „Арт хаб“, односно од понеделник до петок од 09-17 часот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 78, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 24-25 април 2021)

Поврзани вести

Музичкото радио Канал 103 порачува: Не ја убивајте 103-ка, повторно!

Ивана Тасев

Блаже Конески е лингвопоетички знак на распознавање со светот

Тони Димков

Систематски археолошки истражувања почнаа на локалитетот Скупи

Тони Димков

Излезе „Културен печат“ број 79 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

Џез-перспективи: Основањето на „ЗЏМ Рекордс“ дојде сосема природно

Тони Димков

Поздрав од Скопје: Десет дизајнерски приказни од „Шизик на ризик“

Тони Димков

Остави Коментар