Излезни анкети: Курц оствари убедлива победа на изборите во Австрија

Фото: ЕПА

Народната партија на Австрија (ОВП) на поранешниот премиер Себастијан Курц оствари, според резултатите на излезните анкети, убедлива победа на денешните предвремени парламентарни избори во Австрија, објави „Блиц.рс“.

ОВП, според излезните анкети на телевизијата „Ое24“ во соработка со агенцијата „Рисрч аферс“, освоила дури 37 отсто од гласовите, што е 5,5 отсто повеќе во споредба со 2017 година, кога партијата на Курц имаше освоено 26,9 отсто од гласовите.

На второто место е Социјалдемократската партија (СПО) со 23 отсто од гласовите, што е за 3,90 отсто помалку во споредба со минатите избори.

Партијата за слобода (ФПО), неодамнешниот коалициски партнер на ОВП, освои девет отсто помалку гласови, што значи дека тие освоиле 17 отсто од гласовите. ФПО претрпе тежок пораз на изборите како последица од аферата „Ибица“ на нивниот лидер Ханс-Кристијан Штрахе.

Во парламентот се враќаат и Зелените кои остварија најголем скок со 8,20 отсто, и освоија 12 отсто гласови.

Во новиот состав на парламентот ќе бидат и Неос, кои сега имаат осум отсто, за 2,7 отсто повеќе од 2017 година.

Пратеничките клупи ќе ги напуштат пратениците од коалицијата „Сега“ на Петер Пилц, кој не го минаа цензусот поради тоа што освоија само два проценти на гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот