Излези ако „те чеша“ џебот: Велика Британија воведува казни и до 10.000 фунти за прекршителите на самоизолација

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Вeлика Британија ќе ги заостри ограничувањата, ако не се почитуваат правилата, изјави британскиот министер за здравство Мeт Хенкок. Тој најави дека Владата, во тој контекст, ќе воведе казни од 1.000 до до 10.000 фунти за прекршителите на новите правила за самоизолација.

– Ако сите се придржуваат до правилата, можеме да го избегнеме карантинот, посочи Хенкок.

Новите правила за казнување ќе стапат во сила на 28 септември. Во Велика Британија има вкупно 390.358 заболени со Ковид-19, а досега починаа 41.759 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот