Излезе „Женски печат“ број 68 во весникот „Слободен печат“

Излезе „Женски печат“ број 64 (неделен прилог за поголема видливост на жените во општеството) во дневниот весник „Слободен печат“.

Овој вторник со нас се: Мојца Седеу, перкусионистка:  Искуството е најголемото богатство на перкусионистот.

Интервју со Пенка Мукаетова, генерална менаџерка на Консалтинг интер груп: Битно е како ќе се справите со предизвиците

Разговор со Ивана Балабанова, танчерка: Со ВАДА сонот се претвори во јаве

Колумнистка ни е историчарката и истражувачка Ивана Хаџиевска:

Во нашите учебници жените се „невидливиот род“

Ви (ре)откриваме една чудесна жена – хемичарката Хејзел Бишоп, мајката на првиот долготраен кармин; ви носиме Поимник – за да нема забуни околу употребата на некои (родово чувствителни) термини, а со Календарот ве потсетуваме на жените и настаните што не треба да ги заборавиме.

Ни готвеше младата и амбициозна Нина Дуковска; а со неделниот Потсетник ве потсетуваме каде да ја најдете љубовта на вашиот живот – во огледалото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот