Излезе трејлерот од интервјуто на принцот Хари и Меган со Опра Винфри

youtube
Принтскрин / Јутјуб

Излезе трејлерот од интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл со легендарната водителка Опра Винфри.

Имено, светската јавност со нетрпение го очекува интервјуто во кое Хари и Меган за прв пат ќе ја раскажат својата приказна по заминувањето од британското кралско семејство и нивната преселба во Америка.

youtube
Принтскрин / Youtube

Сакам на сите да им дадам до знаење дека нема забранета тема“, вели Опра во видеото и во еден момент ја прашува Меган дали молчела или ја натерана да молчи. Но, одговорот на Меган не е прикажен во трејлерот.

Принцот Хари вели дека неговата најголема грижа била да „не се повтори историјата“, реферирајќи на неговата покојна мајка, принцезата Дајана.

Знаете, навистина ми олесна и сум среќен што седам овде со својата сопруга и разговараме со вас, бидејќи не можам да замислам како ѝ било кога морала да поминува сама низ овој процес пред многу години. Ни беше неверојатно тешко, но барем бевме заедно во сево ова“, рече принцот  држејќи раката на Меган.

Profimedia
Profimedia

Рековте прилично шокантни работи“, рече Опра на крајот на трејлерот.

Специјалното интервју „Oprah with Meghan and Harry: A CBS Primetime Special“ ќе се емитува на 7 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот