Излезе „Културен печат“ број 99 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 99, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (2-3.10.2021), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од книгата „Момент – документ“ на Зденко Петровски во издание на МКЦ, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со историчарот на уметност Владимир Јанчевски: Истражувачкиот процес е тоа што ја дава најубавата енергија

– разговор со филмската авторка и културна работничка Марта Попивода: Отпорот секогаш е можен

– перформанс „Драга Републико“: Централната пошта во главна улога

– на самостојната изложба „Неподнослива празнина“ на Дијана Томиќ Радевска уметничката естетика е втемелена на етиката

– европски уметници се инспирирани од „Везилка“ на Блаже Конески на меѓународната колонија во Слоештица

– режисерот Владимир Милчин ја постави претставата „Вишновата градина“ од Чехов во Турскиот театар

– операта „Палјачи“ повторно е на сцената на НОБ

– новата сезона на Филхармонија ќе биде отворена со концертот „Данте 700“ на кој ќе настапи македонскиот виртуоз на пијаното Симон Трпчески

– промовирана е книгата „Пиеси за обоа и пијано – Македонски фолклорни теми“ на Васил Атанасов

– издавачката куќа „Или-Или“ ја објави збирката раскази „Млечни заби“ на Хана Корнети

– авторките и музиколози Јулијана Папазова и Елени Новаковска ја објавија книгата „Историја на македонската популарна музика“

– издавачкиот центар „Три“ го објави македонскиот превод на романот „Пеам јас и планината танцува“ од Ирене Сола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот