Излезе „Културен печат“ број 98 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 98, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (25-26.09.2021), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од свечениот настан во спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Спасе Перовски, директор на НУ Стоби-Градско: Стоби е златната белегзија на нашата држава

– разговор со музичарот и продуцент Дориан Јовановиќ: Во основата на сѐ е желбата за свирење и за создавање музика

– свечен настан во спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово: Славата на бесмртните е бесконечна

– најава на 55. МТФ „Војдан Чернодрински“: Солидна театарска продукција во пандемиската година

– кинематограферот Јани-Петери Паси е добитник на „Златна камера 300“ на 42. ИФФК „Браќа Манаки“

– во Музеј на РСМ се отворени Европските денови на културно наследство

– традиција засилена со младешка енергија на 11. ПМГ Рекордингс Фестивал

– третото издание на меѓународниот фестивал на краток филм „Филмај“ ќе се одржи во Куманово

– издавачката куќа „Или-Или“ го објави преводот на книгата „Чудовиштето“ од бугарскиот писател Владимир Зарев

– „Прозарт Медиа“ го промовираше македонското издание на „Рани јадови“ на Данило Киш

– „Македоника литера“ го објави романот „Катерина, Велика и Мала“ на црногорската писателка Оља Кнежевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот