Излезе „Културен печат“ број 91 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 91, во печатеното издание на „Слободен печат“ (31.07-02.08.2021), со намален број страници поради Олимпијадата, меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– разговор со Слободан Таневски за Младинското радио „Клуб 100“

– со грант од Амбасадорскиот фонд на САД ќе се заштитуваат мозаиците во Хераклеа Линкестис

– мултимедијален проект за „смртоносниот“ допир на човекот ќе биде претставен во Охрид и во Скопје

– изложбата „Колаж на еден разурнат град“ е поставена во Музејот на град Скопје

– Асоцијацијата за култура „Икон“ започна проект за развивање на свеста за значењето на Старата скопска чаршија

– Фестивалот „Дрим шорт“ во Струга се одржува со мотото „Сонувајте кратко“

– четири награди се доделени на четвртото издание на Фестивалот на нов европски филм „Бич филм фестивал“

– Издавачкиот центар „Три“ во рамките на летниот книжевен фестивал претстави повеќе книжевни новитети и препораки за читање

– новата книга на неуморниот писател за деца Васил Мукаетов е со наслов „Чукни, чукни три пати“

– излезе нов број на периодичното списание за литература, уметност и култура „Стремеж“

– Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола ја објави книгата со поезија „Топли билки“ од српскиот поет Бојан Васиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот