Излезе „Културен печат“ број 90 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 90, во печатеното издание на „Слободен печат“ (24-25.07.2021), со намален број страници поради Олимпијадата, меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– Филхармонија и „Архангел“ ќе одржат концерт во Градскиот парк на одбележувањето на годишнината од скопскиот земјотрес

– албумот „Апокриф“ на Добрила и Дориан дуо е 45. компакт-диск издание на Скопскиот џез фестивал

– разговор со младата српска поетеса Радмила Петровиќ: Полесно е кога си аутсајдер

– заврши јубилејното 20. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“

– Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2021

– балетската претстава „Сви марш на плес“ во кореографија на Игор Киров на 26 јули ќе гостува на „Скопско лето“

– групата „Фолтин“ тргнува на домашна турнеја со концерти во Струга, Прилеп и Велес

– „Антолог“ ја објави книгата „Потекло“ од босанско-германскиот автор Саша Станишиќ

– „Темплум“ ја објави книгата „Тешко ќе најдеш добар човек“ од Фланери O’Конор

– романот „Црна мајка земја“ од хрватскиот писател Кристијан Новак на македонски јазик е објавен од „ПНВ Публикации“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот