Излезе „Културен печат“ број 88 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 88, во печатеното издание на „Слободен печат“ (10-11.07.2021), меѓу содржините од областа на културата и уметноста има:

– интервју со Маја Јакимовска-Тошиќ, директорка на Институтот за македонска литература: Културната традиција е најсигурната инвестиција на еден народ

– разговор со композиторот и режисер Марјан Неќак: Преферирам тотален театар во кој има магичност

– Фестивалот на европски филм „Синедејс“ ќе ги разладува скопјани со нови филмски остварувања

– традицијата на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со балетскиот проект „Големиот Чајковски“

– премиерата на претставата „Генетиката на Глембаеви“ е проследена со овации во Бања Лука

– македонската пијанистка Даница Стојанова деновиве го објави својот најнов носач на звук

– во реновираните изложбени салони на Музејот на град Скопје е поставена изложба од проектот „КреАрт“

– македонската ликовна уметница Марија Павловска со изложбата „Тишина“ се претставува во Истанбул

– српската поетеса Радмила Петровиќ во текот на јули престојува на книжевна резиденција во Скопје

– летна регионална берза на винили на 11 јули ќе се одржи во Кочани

– тридневен стадионски фестивал со мото „Аларм за македонска музика!“ ќе се одржи од 31 јули до 2 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид

– книгоиздателството „МиАн“ го промовираше зборникот на народна еротика „(И)стории од долапот“ од д-р Ана Мартиноска

– „Прозарт медија“ ја објави книгата „Љубовни аматери (Двонасочни новели)“ од Александар Прокопиев

– „ПНВ Публикации“ ја промовираше книгата „Меч од мечти“ на Диме Данов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот