Излезе „Културен печат“ број 84 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 84, во печатеното издание на „Слободен печат“ (12-13.06.2021), го отвораме со фотографии од изложбата „Африкански лица“ на Билјана Јуруковски, која ќе биде отворена на 16 јуни во Музеј на Македонија, а меѓу содржините има:

– интервју со Јане Чаловски: Независниот културен сектор е уморен од празни ветувања

– совршенство на звукот: Брендот „Теохаров“ ќе произведе звучници со потпис на Влатко Стефановски

– критички филмски гест на фестивалот „Прво па женско #9“

– разговор со книжевната критичарка Александра Јуруковска: Надежта секогаш ми ја крепат само непоправливите ентузијасти

– Здружение на џез-музичари – Авторски концерт на Илија Пејовски во Филхармонија

– винилите повторно се во мода на „Record store day 2021“

– чекор понатаму за современиот танц на „Танц Фест 2021“

– танцтеатар – премиера на „Петтото годишно време“ во Велешкиот театар

– филмови за Кирил Џајковски и „Д’ Хип“ беа прикажани на „Докенритам“ во Белград

– Фондација „Небрегово“: Чествување на Блаже Конески во Општина Аеродром

– „Книжевен жезол“ на ДПМ за Иван Џепароски и Душан Стојковиќ

– „Матица македонска“ објави избрани дела во десет книги од Раде Силјан

– „ПНВ Публикации“ ја објави книгата „Ноќни луѓе“ од Иван Херцег

– „Македоника литера“ ја објави биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од Атле Нес

– дебитантскиот роман „Денот на црвот“ од Симона Јованоска е објавен во „Или-Или“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот