Излезе „Културен печат“ број 83 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 83, во печатеното издание на „Слободен печат“ (5-6.06.2021), го отвораме со фотографии од изложбата „Урбана архитектура во двојна експозиција“ на Виктор Поповски поставена во Младинскиот културен центар во Скопје, а меѓу содржините има:

– интервју со актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска: Кармен е огледало на малограѓанштината

– разговор со визуелната уметница Шќипе Мехмети: Гласот на жената уметник во нашето општество недоволно се слуша

– Танц фест Скопје 2021 – Поглед кон човековото битисување низ танцова призма

– Фестивалот за литература и илустрации за деца „Литера“ полека но сигурно ќе стане бренд

– Викенд на гордоста Скопје 2021: Човечноста, како состојба, може да се подобри

– Уметнички презентации на КСП „Центар-Јадро“ за актуелизирање на авторскиот печат и интегритет

– Еколошкото театарско шоу „Супербајкастично“ се подготвува во Театарот за деца и младинци

– во прилепскиот театар почнаа пробите за претставата „Светулки“ во режија на Драгана Милошевски-Попова

– „Пијано центре“ ги организира пијано маратонот „Осум часа љубов“

– „Антолог“ ја објави книгата „Вознемирени луѓе“ од шведскиот автор Фредрик Бакман

– новата прозна книга на Марина Мијаковска е со наслов „Приказни од Пајко Маало“

– промоцијата на книгата „Ќе фатит бран“ од поетесата Долорес Атанасова – Лори на 5 јуни ќе се одржи на платото пред МКЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот