Излезе „Културен печат“ број 79 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 79, во печатеното издание на „Слободен печат“ (8-9.05.2021), го отвораме со панорамска фотографија на локалитетот Скупи, а меѓу содржините има:

– интервју со Васо Ристов, генерален директор на Националната опера и балет: Секое оддалечување од сцената е погубно за уметникот

– разговор со Елена Чемерска, добитничка на наградата „Денес“ за визуелни уметности

– култното музичко радио Канал 103 порачува: Не ја убивајте 103-ка, повторно!

– Трибина во КИЦ: Блаже Конески е лингвопоетички знак на распознавање со светот

– заедничка изложба „Повеста на светот: Последно поглавје“ на уметничкиот тандем Вана Урошевиќ и Зоран Тодоровиќ во Белград

– дела од македонските уметници Ѓорѓе Јовановиќ, Нада Прља, Христина Иваноска и Јане Чаловски се претставени во Рим

– графичка изложба „Носталгија“ од Иван Мегленов во МКЦ

– фестивалот на кратки филмови „Филмај“ ги објави добитниците на наградите

– нова книга „Плачот на кларинетот“ од Ѓорѓи Лазаревски

– книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година како предизвик за романописците

– издавачката куќа „Антолог“ ја претстави книгата „Остров“ на писателот и публицист Дмитриј Орехов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот