Излезе „Културен печат“ број 78 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 78, во печатеното издание на „Слободен печат“ (24-25.04.2021), го отвораме со изложбата „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ во Музејот на современата уметност во Скопје, а меѓу содржините има:

– интервју со писателката Румена Бужаровска: Расказот е форма во која сум вљубена

– Здружението на џез музичари го објави првиот албум под етикетата на „ЗЏМ Рекордс“

– Културно наследство: Заштита за битолското Ислахане и скопскиот Аквадукт

– Танц Фест 2021 со „Менада“ за легендарната кореографка Каролин Карлсон

– Ѕидна уметност – мурал како подарок од Кралството Холандија за Град Скопје

– Сеќавање на Богомил Ѓузел со „Твоите пет минути“

– Драмскиот театар во Скопје со порака го одбележа својот 75-ти роденден

– македонскиот лајфстајл бренд „Шизик на ризик“ објави сет од десет разгледници со наслов „Поздрав од Скопје“

– МНК ИКОМ го објави конкурсот за наградата „18 Мај“

– изложба „Цртеж – Експериментален цртеж“ 2021 на ДЛУМ со награда за делото „Композиција 12“ на Росица Лазеска

– книгоиздателството „Арка“ од Смедерево објави два тома за македонските поезија и проза во Србија

– издавачката куќа „Готен“ објави повик за учество во проектот „Превод во движење“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот