Излезе „Културен печат“ број 75 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 75, во печатеното издание на „Слободен печат“ (3-4.04.2021), го отвораме со фотографии на Скопје снимени со дрон од проект на визуелниот уметник Доријан Миловановиќ, а меѓу содржините има:

– интервју со директорот на Велешкиот театар, Сашо Димоски: Европеизација на програмскиот модел на театарот

– разговор со поетот Славе Ѓорѓо Димоски: Јадрото на мојот препев се песните од боемско-хулиганската фаза на Есенин

– МКЦ стана членка на најреномираната мрежа на концертни сали во Европа Liveurope

– Агенцијата за филм ги објави се резултатите од конкурсите за поддршка на филмски и фестивалски проекти

– „Еуродрам“ ги соопшти најдобрите драмски преводи на македонски јазик

– театарска рецензија на претставата „Херои 04.33“ на Велешкиот театар

– Министерството за култура извести за грчко-македонска соработка во областа на конзервацијата и реставрацијата

– во Кинотеката се одржа филмски омаж за Љупчо Тодоровски – Упа

– дизајн на плакат на Катја Штркова ќе го најавува „Здраво млади“

– монографска изложба „Помеѓу зборот и сонот“ на Наташа Андонова во МКЦ

– објава на зборник и монографија на Државниот архив по повод 70-годишнината од основањето

– „Везилка 2011“ направи превод на книгата „Книжевноста и дните“ на Гојко Божовиќ

– серијал за деца и млади на „Паблишер“ – „Доктор Проктор“ е преведен на македонски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот