Излезе „Културен печат“ број 71 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 71, во печатеното издание на „Слободен печат“ (6-7.03.2021), го отвораме со фотографии од дела на изложбата „Иван Велков, 90 години од раѓањето“ во Чифте амам, а меѓу содржините има:

– интервју со пијанистот Дино Имери: Не барам скратен пат до успехот

– по долга финансиска агонија културата се отсели од „Кино Култура“

– јубилејна изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето“ во Чифте амам

– изложбата „Црногорски филмски плакат“ е поставена во Кинотеката

– Националната галерија со „Допирот“ е дел од интернационалниот проект „Ние сме тука: идни екологии“

– фотоизложба „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ на Игор Христов во македонскиот КИЦ во Софија

– излезе деби-албумот „Џангл бук“ на победниците на „Лузер фест 2019“ – „Кат јоур нипл“

– албумско издание „Инсанус“ на младиот гитарски талент Кире Мирчовски

– фотографска изложба „Лица и улици“ од Никола Јовановиќ во галерија „Ко-Ра“

– збирка приказни и легенди „Прстен и парфем“ од новинарот Мишо Китаноски

– патописна книга „Никогаш на врвот“ на Паоло Коњети

– поетска збирка од Ким Симонсен како визија за поединецот во Третиот милениум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот