Излезе „Културен печат“ број 70 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 70, во печатеното издание на „Слободен печат“ (27-28.02.2021), го отвораме со фотографии од дела на сликарот Родољуб Анастасов во сопственост на Националната галерија, а меѓу содржините има:

– интервју со Ѓокица Зафировски, музичар и дизајнер: Во мојата глава живеат три персони

– разговор со пијанистката Ема Попивода: Да се работи лично со композиторот е непроценливо богатство за изведувачот

– Министерството за култура ги објави резултатите од Годишниот конкурс за проекти од национален интерес за 2021 година

– виртуелен музеј – Архива на делата на Стефан Сидовски-Сидо е поставена на интернет

– премиера во Турски театар: Приказна за оперската дива што живеела во заблуда

– филмска копродукција – завршните сцени на „Зад стоговите сено“ се снимаат во Дојран

– изложба на ДЛУМ – „Современа скулптура“ во уметничкиот центар „Арт хаб“

– Роман на годината – Девет дела го минаа вториот круг за престижната награда

– тематска изложба на Александра Кокотовиќ во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

– музичка биографија – книга за светлата и за мрачната страна на „Пинк флојд“

– книжевност за деца – романот „Мала веројатност“ е за растењето и за приврзаноста

– книжевен превод на „Кревки ангели“ од Ноеми Киш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот