Излезе „Културен печат“ број 69 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 69, во печатеното издание на „Слободен печат“ (20-21.02.2021), го отвораме со фотографии од изложбата „Остен Биенале на цртеж – Скопје 2020“, поставена во Мала станица, а меѓу содржините има:

– интервју со писателот и издавач Жарко Кујунџиски: Книгата само привидно е предмет

– разговор со вокалната солистка Светлана Јовановска: Музиката е мојот непресушен извор

– ново претседателство на СОКОМ со надеж за подобри времиња и опстанок на музичката дејност

– блескави оценки за албумот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите во американските списанија

– промовирана е монографијата „Македонски рок времеплов“ од Тошо Филиповски

– објава на „ПМГ Џез“: Јордан Костов квинтет ќе настапи во МКЦ

– награда „Роман на годината“ – 18 романи влегоа во првата селекција

– театарска премиера во Битола: Психолошки тест на капитализмот

– изложба во студиото „Прајват принт“: Документарни фотоистражувања на пеливанските натпревари од Зоран Шекеров

– книжевен превод на книгата „Сага за Олаф Светиот“ од Снори Стурлусон во издание на „ПНВ Публикации“

– чешко прозно дело „Гордиот Дабидеш“ од Ирена Доускова

– нова книга за деца од Васил Мукаетов за средба со приказните за Итар Пејо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот