Излезе „Културен печат“ број 64 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 64, во печатеното издание на „Слободен печат“ (16-17.01.2021), го отвораме со фотографии од дела претставени на онлајн изложбата на петтото издание на „Екс либрис Скопје“, а меѓу содржините има:

– интервју со Ѓорѓи Јолевски: Актерот во својата вокација ја има потребата од слобода

– разговор со Билјана Камчева: Својот најчист личен белег го оставам преку музиката со мојата флејта и мојот глас

– Филхармонија – Музиката го враќа достоинството на човештвото

– Галикул – Награда „Тодор Чаловски“ за „Ќе фатит бран“ од Д.А. Лори

– Ин мемориам: Замина посветениот естетичар и филозоф, академик Георги Старделов

– народно творештво – осовременета „Автобиографија“ од Марко Цепенков

– ретроспектива на Кинотеката за 2020 – Година што, сепак, „не ја изедоа скакулците“

– млад талент – пијанистката Инес Неделковска освои две први награди во Бон

– Е-збирка „Отковидување“ – со поезија против короната

– научна фантастика – објавен е романот „Едем“ од Станислав Лем

– тријазична мала тематска антологија на македонски книжевни автори и авторки „Да сум на твое место“

– мултикултурен зборник – Литературно шаренило на Балканот

– излезе нов број на списанието „Стремеж“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот