Излезе „Културен печат“ број 63 во новогодишното издание на весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 63, во новогодишниот број на печатеното издание на „Слободен печат“ (31.12.2020-03.01.2021), го отвораме со песната „Покана за вечера“ од Србо Ивановски посветена на Блаже Конески, а меѓу содржините има:

– интервју со поетот, есеист и професор Владимир Мартиновски: Творењето е постојан процес, со многу видливи и невидливи етапи

– премиера на „Последната лента на Крап“ со Ѓорѓи Јолевски во Македонски народен театар

– премиера на претставата „Диши“ во Драмски театар

– осврт кон премиерата на претставата „Некој нека ми каже колку сум важен“ во Театар за деца и младинци

– Факултетот за драмски уметности – Скопје ја објави книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски

– публикација „Зборува Акто 2006-2020“: Потврден континуитет и истрајност на независната културна сцена

– Игор Лозаноски ја доби наградата „Новите!“ за 2020 година на „Темплум“

– Независниот културен центар КЦ 750 со отчет за сработеното во 2020 година

– етномузикологија – стручно архивирање на музичкото наследство во книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ од Ѓорѓи Ѓорѓиев

– Агенција за филм – играниот филм „Хомо“ на Игор Иванов оди на фестивал во Гоа

– десеттото издание на фестивалот на анимиран филм „Анимакс“ се одржа во Кинотеката

– филмска копродукција – светската премиера на „Барајќи ја Венера“ ќе се случи во Ротердам

– Санденс 2021 – „Улиште“ во центарот на независниот филм

– Божикна приказна – романот „Два Божика“ од Лилјана Пандева е романса со многу хумор и со малку горчлива вистина

– збирка интервјуа „Филмски великани“ од Сунчица Уневска

– второ дополнето издание на книгата „Колку да се рече…“ од Васил Мукаетов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот