Излезе „Културен печат“ број 61 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 61, во печатеното издание на „Слободен печат“ (19-20.12.2020), го отвораме со театарски фотографии од веб-проектот „Театарот и градот“ на Кире Галевски, а меѓу содржините има:

– интервју со Трајко Стаматоски, научник и лингвист: Сигурно сум еден од оние што најмногу пишувале за ликот и делото на Блаже Конески

– разговор со писателката Румена Бужаровска: Патријархатот секаде е патријархат, но си има локални обележја

– Министерството за култура најави рекорден буџет за заштита на културното наследство за следната година

– ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност

– групна изложба „Сета љубов (All the Love)“ во Музејот на современата уметност

– изложба „Пеплосување и благородност“ на Невзат Бејтули-Кица во Националната галерија

– изложба „Граници“ на Дита Старова Ќерими и Шќипе Мехмети во Галерија „Ко-Ра“

– Друштво на писателите на Македонија – Радован Павловски е добитник на повелбата „Блаже Конески“

– поетската книга „Крстна коска“ на Наташа Сарџоска е меѓу најдобрите преводи во Италија

– независниот „Театар Пи“ го реализираше проектот „Прозорците што се смеат“

– проектот „А-Реакција“ на Марија Павловска имаше двојна презентација

– Божиќна традиција – уметничкиот центар „Полифонија“ ќе го изведе ораториумот „Месија“ од Хендел

– петто издание на книгата „Вдахновенија“ од Атанас Конески

– поетската книга „И каменот има душа“ од Филип Димкоски содржи една песна преведена на четиринаесет јазици

– прва збирка поезија „Ѕвездоскок“ на Ален Нанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот